Во Финска слетал авион од Скопје со 24 патници позитивни на Ковид-19
Foto

Во Финска слетал авион од Скопје со 24 патници позитивни на Ковид-19

На аеродромот во финскиот град Турку во саботата пристигнал авион од Скопје со 157 патници од кои 24 по извршеното тестирање биле позитивни на Ковид-19, соопшти министерката за семејни работи и социјални услуги на Финска Криста Киуру.

Поради тоа Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од земји со висок ризик, пренесува Ројтерс.

Министерката Киуру информира дека на аеродромот во Турку во саботата било организирано доброволно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два неодамнешни авионски летови од Северна Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска.

Во иднина ќе биде задолжителен двонеделен карантин и ќе се прават тестови за коронавирус за секој што ќе пристигне од земја каде што има меѓу 8 и 10 случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена.

Авиокомпаниите ќе мора да ги информираат патниците дека ќе бидат тестирани по доаѓањето во Финска.

Непочитувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со затвор до три месеци или парична казна.

Во Финска досега се евидентирани 7.600 позитивни на Ковид-19 и 333 смртни случаи.

0 Коментари

Остави коментари