Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 умреле уште 491 лице
Foto

Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 умреле уште 491 лице

Во последните 24 часа во Русија од Ковид-19 умреле уште  491 лице, најмногу во едно деноноќие од почетокот на епидемијата.

Претходниот ден руските здравствени власти регистрираа 361 смртен случај.

Тасс пренесува дека од последниот пресек, потврдени се уште 24.326 новоинфицирани лица.

Од почетокот на епидемијата, во Русија се регистрирани 2.138.828 случаи на коронавирус, а досега умреле 37.031 лице.

0 Коментари

Остави коментари