Заев најави статутарни промени во партијата, ВМРО- ДПМНЕ ја нарече „опасност за земјата“
Foto

Заев најави статутарни промени во партијата, ВМРО- ДПМНЕ ја нарече „опасност за земјата“

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска во обраќањето на 25. Конгрес на партијата кој поради пандемијата се одржува онлајн, најави статутарни промени во партијата кои како што рече ќе ја направат неговата поодговорна, поевропска и помодерна.

Сепак, како најголема промена што ќе се случи во партијата, Заев го најави гласањето за партиски лидер, кога на следниот конгрес на пролет за прв пат во една партија секој член ќе може на непосредни внатрепартиски избори да се изјасни кој ќе ја води партијата.

Заев во свoeтo обраќање зборуваше и за опозициската ВМРО- ДПМНЕ, која ја нарече „опасност за нашата земја“, која работи против системот за јавно здравје со тоа што го блокира донесувањето на законските измени. 

0 Коментари

Остави коментари