Запленета е дрога во вредност од 800 илјади евра
Foto

Запленета е дрога во вредност од 800 илјади евра

Во полициска акција заедно со американската агенција за борба против наркотици - ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовси објави на неговиот ФБ профил дека во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици - ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.

 

- Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски на ФБ. 

Дрогата била запленета околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци. Повеќе детали за акцијата ќе бидат познати во текот на денот.

0 Коментари

Остави коментари