Здравев за тв 24: Судскиот совет утврди дека Кацарска беше најдобар предлог за уставен судија
Foto

Здравев за тв 24: Судскиот совет утврди дека Кацарска беше најдобар предлог за уставен судија

Првиот човек на Судскиот совет Киро Здравев во 24 анализа потенцираше дека европската комисија кконстатираше умерен напредок во судството и е задоволен од вложеното во работата, пред се на дел од судиите кои совесно ја вршеле судиската функција.

„Овој резултат од бенефитот на нивната работа и оваа оценка е од огромно значење и ни дава насока дека сме на вистинскиот пат за враќање на довербата на граѓаните во судовите. Треба да обрнеме внимание и на известувањето од наша страна преку медиумите. Во 2019 и 2020 ние разрешивме 8 судии и во тек се постапки против 83 судии во 2020 година, а во 2019 имавме покренато постапки против 107 судии.“ - рече Здравев.

Потенцираше дека пандемијата се одразила врз работата на судскиот совет. Во врска со разрешувањето на Јово Вангеловски, Здравев рече дека немал никаков притисок за неговото разрешување, ниту за било кој друг судија. 

„Вангеловски е разрешен поради тоа што советот којшто одлучувал по барање на заштита на законитоста, оттогаш јавниот обвинител не го почитувал правното мислење кое општата седница го има заземено. На таа дебата која се отвори имаше многу мислења.“ - рече Здравев.

Во однос на реагирањето на опозицијата на предлогот на Добрила Кацараска за уставен судија. Здравев рече дека според уставот, судскиот совет на Собранието му предлага двајца кандидати за избор на судии во уставниот суд. Ова право е разработено во законот за судски совет во кој се определени условите за кандидатура.

„Врз основа на наша претходна анализа, во комбинација беа повеќе судии и анализата ни ни покажа дека токму Кацарска е таа судијка, којашто благодарение на долгогодишното судиско искуство, ценејќи го нејзиното навремено постапување по кривичните предмети, едногласно судскиот совет утврди како предлог таа да биде наш предлог до Собранието. Ние до Собранието доставуваме кратко образложение и и биографија и беа наведени нејзините активности, не само предметите. Опозицијата не го прифати тоа како решение.“ - рече Здравев.

0 Коментари

Остави коментари