„Зелена лупа” со нова постапка за несовесно работење на судии
Foto

„Зелена лупа” со нова постапка за несовесно работење на судии

Судски одлуки на штета на спортистите. Огромни финасиски загуби за доверителите и неправди во корист на клубовите. Поранешниот фудбалски репрезентативец, Срѓан Захариевски, повеќе од 20 години чека на своите 300,000 евра, кои наместо на  негова сметка,  завршиле во фудбалскиот клуб „Силекс“ од Кратово. 

Ова е преседан, вели за ТВ 24, оштениот фудбалер, кој не сакаше повеќе да зборува. Од Здружението „Зелена лупа“ денеска информираа дека за ова несовесно и неодговорно работење на судиите, тие  покренуват  постапка за нивна одговорност. Конкретно иницијативата е покрената против Гордана Ѓорчева како претседател на Советот на Апелација и Радица Василевска и Фатмир Скендер како членови на Советот.

Според извршниот директор на здружението, Васко Тодорвски, овие судии со прекршување на законот и на своите службени овластувања нанеле голема штета на доверителите, со тоа што истите не го почитувале Законот за спорт, не го почитувале Законот за извршување како и Законот за трговски друштва, а со своите незаконити влијанија нанеле голема штета и на одредана група на доверители врзани од Законот за спорт.

-Конкретно овој предмет се однесува на случајот на фудбалерот Срѓан Захариевски против фудбалскиот клуб „Силекс” – Кратово. Се работи за оштета од 300 илјади евра каде што фудбалерот со договор потпишан од Клубот за направен трансфер не можел да ги добие овие средства а истите ги искористил фудбалскиот клуб „Силекс.” - вели Васко Тодоровски – извршен директор на здружението Зелена Лупа. 

Вакви слични случаи , истакна Тодоровски има и во останатите спортски клубови ,а во прашање се милионски суми кои не стигнале во вистински раце,  затоа покрај поднесувањето на овие иницијативи до Судскиот совет, здружението „Зелена лупа” информира дека ќе поднесе и кривични пријави до Основното јавно обвинителство, бидејќи според Здружението, овие судии искористувајќи ја службената положба и овластување на сопствениците на спортските клубови им овозможиле материјални добра со незаконско избегнување на постоечките обврски на штета на доверителите.

„Со Законот од 2011 год беа изневерени повеќе доверители. Тогашната влада им овозможи на свои блиски бизнисмени да се стекнат со право на сопственост на клубовите кои се трансформираа во акционерски друштва без да вложат ниту еден денар притоа да користат средства од друг Закон кој што е врзан за спонзорирање и со тоа да нанесат штета на голем број на спортисти.“ - вели Тодоровски.

Тодоровски  појаснува, дека во овие предмети, се сомнева дека судиите кои постапувале, предметите им биле дадени на рака со намера да судат тенденциозно во штета на доверители. 

Во минатото, од поднесените иницијативи на Здружението, беа разрешени тројца судии од Врховен суд, меѓу кои и поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски како и судиите од Врховен суд Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски.

0 Коментари

Остави коментари