Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Надежите на Македонија повторно се свртени кон Америка


Очите на светот се свртени кон Америка, Џо Бајден денеска станува нов претседател наместо Доналд Трамп. Македонија го дочекува и новиот претседател без амбасадор во Вашингтон и очекува поддршка од САД и за европските аспирации. Дали новата американска администрација ќе смени нешто во однос на бугарската блокада? Дали постои решение доколку Бугарија не се откаже од идентитетските барања?

Во студиото разговаравме со внукот на генерал Михаило Апостолски кого Софија го направи Бугар, со исто име како неговиот предок Михаил Апостолски, кој меѓу останатото работел и како економски претставник во македонската амбасада во Вашингтон и со добриот познавач на домашната и меѓународна политика, аналитичарот Алберт Муслиу.


Пензионирање на 62 години за жени и 64 години за мажи ишанси за откуп на стажот. Двете патриски ветувања, се уште се дел од владината програма и сега во форма на законски решенија се блокирани во Парламентот и торпедирани со стотици амнадмани со што се предизвика револт во синдикалните редови.

За пензиионирање и законските решенија одговараше министерката за труг и социјална политика Јагода Шахпаска. Своите забелешки кон министерката упатија и Слободан Трендафилов од ССМ и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи


Речиси цела година живееме со пандемијата со коронавирусот, со многу тензија поради неможноста да функционираме како порано поради многуте заболени и починати граѓани. Но, како е од другата страна на првата линија на фронтот во примарното здравство, во болниците, во внатрешноста која ја презема грижата за болните, веднаш штом се преполнија инфективните клиники „8ми септември“ и Инфективната клиника.

Гостуваат д-р Кирил Солески специјалист по семејна медицина од поликлиника „Семед“, Директорката на општата болница во Куманово, доктор Снежана Захариева и д-р Ален Георгијев, директор на клиничката болница во Штип.


Се загреваат партиските машинерии за локалните избори, што покажуваат предвремените избори во Штип и Пласница.

Што ќе се прави со 35 милиони евра добиени од ТАВ, а пренаменети за општините, дали проектите ќе се сметаат за предизборна корупција?

Во исто време во спорот со Бугарија сега е мистерија, што понудила државава, а што вратиле бугарите.

Како власта се согласи за изборот на Александар Даштевски за ДИК, човекот кој отворено го бранеше Груевски?

Дебата со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Акциски план или анекс на договор? Што содржи документот кој го доби специјалниот преговарач во Софија? Дали замрзнатата шума меѓу Македонија и Бугарија почнува да се топи или бугарското предизборие ќе продолжи да ја проблематизира рамката на преговорите? Да, за железни и патишта, но каде е јазикот, нацијата, историјата - спорните прашања на кои Софија го губеше предзнакот европска.

Во 24 анализа со поранешниот амбасадор во САД Васко Наумовски и советникот за надворешна политика на премиерот, Едмонд Адеми.


Пост-празнично, власта го финишира петтиот по ред економски пакет за поддршка на приватнит сектор. За кого ќе има пари, бенефиции, поволности? Помеѓу ветеното и оствареното? Колку средства се искористија од досегашните пакет мерки? Ќе се делат ли повторно пари за пензионери, за невработени, за ранливи категории на граѓани? Од рецесија во позитивна зона. Што ќе ија излвлече и повлече економијата од дното?

Дебатираа Крешник Бектеши, министер за економија, Данела Арсовска Сојуз на стопански комори и стопанственикот Мендерес Кучи.


Северна Македонија влезе во НАТО, но не успеа да почне преговори со ЕУ. Што значи тоа за македонско општество во поглед на економијата, корупцијата или безбедноста? Каков белег остави корона пандемијата врз светот во 2020 и какви последици ќе има во 2021? Годината ја завршуваме со иднината, млади интелектуалци кои треба да бидат надежта во подобро утре.

Дебатираме со Иво Ранѓеловиќ кој студирал меѓународна дипломатија во Соединетите американски држави и Велика Британија и со Елмас Хасановиќ Алумни на Фулбрајт, магистер по меѓународни студии и наука и политики на нуклеарно оружје.


Сите бараме брзи и волшебни решенија од науката, ама никој не сака да ја работи. Веќе докажаните умови одат во пензија, младите надежи заминуваат во туѓина. Имаме научници од светски калибар, а научните установи не ни се ниту во првите 1.000 во светот. Алармот во високото образование е одамна запален, Буџетот е доволен само за преживување. Зошто и каде се разидуваат патиштата на науката, политиката и општеството? Зошто академската заедница е изолирана од решавањето на современите проблеми? Што и’ стои на патот на македонската наука?

За ова и многу повеќе со професор доктор Трајче Стафилов.


Година на искушенија - здравствени, економски, политички. Пандемијата го загрози општеството во сите пори. Падемијата на Ковид 19 беше разорна за економијата. Се бараа пари дома и во странство за да се ублажат штетите. Јавниот долг што ќе го враќаат идните генерации достигна рекорд. Ковид кризата удри по речиси сите сектори и дејности. Но, ја разбуди и креативноста. Уметниците со забавено темпо твореа, но не запреа. На политичката сцена - предвремени парламентарни избори. Македонија стана 30-та членка на НАТО, но Европската Унија не извиси.  Каде згрешивме? Збогум на 2020-та, една од историски најтешките години. По што ќе ја паметиме?

Гостуваат актерите Благоја Чоревски и Васил Зафирчев, економистот, професор Марјан Петревски и новинарот колумнист Љубиша Николовски.