Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Владата еквилибрира меѓу барањата на работниците и на газдите


Дигитално образование, да или не? Реформа која како и сите претходни кренаа голема врева во јавноста. Дали повеќе кај родителите и невладините организации или кај децата и учениците? Се најавуваат бојкот и протести, а за потребата од дигитално образование овие денови се зборува гласно.

Гости во 24 Отворено беа министерката за образование и наука Мила Царовска, наставниците Гоце Бумбароски, Елизабета Секирарска, Јорданка Черепналкова Трајковска од Детската амбасада „Меѓаши“ и Драгана Спасевска.


На ден пред одлуката на Уставниот суд за оценка на уставноста на дел од законот за банки, штедачите на Еуростандард банка и јавноста во очекување - дали ќе има непристрасно оценување на судиите. Се бара фондот за осигурување на депозити да нема предност при наплатата од стечајната маса, туку тоа да бидат штедачите и другите правни лица во банката, но и да се елиминира границата од 30 000 евра. Само така велат, ќе биде задоволена правдата. „Нема правда, нема мир“ последните месеци стана мото на една група штедачи на пропаднатата банка

Гости во 24 Отворено беа се Љупчо Кузмановски, Билјана Ивановска од ДКСК и Слаѓана Тасева Транспаренси Интернешнал-Македонија.


Во емисијата „отворено“ се дебатираше за процесот на вакцинација во државата, за тоа колку е опасен британскиот сој, се отвори прашањето и дали се задоцни со новите рестрективни мерки, гостуваа проф. Д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника и Александар Петличковски, директорот на Институтот за имунологија. 


Во ек на пандемијата пред самиот почеток на вакцинацијата, вчера се случи и еден несекојнеден политички настан, во кој лидерите на партиите се согласија за сите точки кои беа предмет на нивните разговори. За многумина изненадување, за други не, а за трети резултат на напорите од дипломатските претставници.

Гости беа Ѓулистана Марковска, Исмет Рамадани и Зоран Димитровски


Додека криминалците се претставуваат себеси како жртви, политиката се обидува да ги окупира судските процеси, опозицијата обвинува за селективност и изживување. Направи ли системот грешки во чекори при апсењето на Камчев, предавањето на Мијалков, бегството на Груевски? Двајца од неколкуте најмоќни бизнис политички фигури во последната декада се зад решетки, по 4 години од смената на власта, почна ли да функционира правдата и правото во Македонија.

Во 24 Отворено со Гордан Калајџиев, Ване Цветанов, Александар Тортевски и Богданчо Гогов.


Планот на Љубчо Георгиевски за решавање на спорот со источниот сосед - историски пуч или реал-политика на 21 век. Софија во предизборна треска во обид да ги искористи македонските политички препукувања. Скопје консензуално ги одби поентите на поранешниот македонски премиер. Македонската нација пред предизвик за одговор. Кој ќе излезе како победник во спорот меѓу Бугарија и Македонија?

Во 24 Отворено тв дуел - Љубчо Георгиевски и Петар Богојески.


Темата за прочистување на правосудството која ја наметна сегашниот премиер Заев уште како опозиционер е една од најчесто зборуваните теми, тема која задира во сржта на ова општество. Зошто нема правда? Дали е достапна? Дали тефтерчињата и сваровски судството се минато? Зошто реформите со години тапкаа во место? Дали иднината носи подобри денови во услови кога десетици предмети од минатото се уште чекаат ревизија, при евидентни докази за политички монтирани или мотивирани случаи? Селективната правда не е правда и кога секојдневните нови случаи ја набилдаа сликата за македонија како коруптивна земја на досега највисокото место. Се прашуваме дали имаме добар модел за расчистување?

Гости беа министерот за правда Бојан Маричиќ, Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ и новинарот Васко Маглешов.


Од милениумските цели за еднаквост правда и развој до „Јавна соба“, партиски вработувања и распарчени перспективи - сите погледи кон претседателот, ќе стане ли вистинско засолниште за граѓаните кога политичките актери не можат да испорачаат резултати?

Растечка перцепција за корупцијата, пописот како поле за политичко жонглирање, Бугарија кочничар за целите на Македонија.

Дали Пендаровски ја напушта лажната политичка еквидистанца кон Заев и Мицкоски, Ахмети и Села, за да се сврти кон реалните проблеми на оние кои го бираа.

Интервју со Претседателот Стево Пендаровски.


Дали ќотекот стана секојдневна лекција на улицата и начин за пресметка меѓу послабиот и посилниот? Кој е угнетен, а кој угнетува? Дали законите станаа празно слово на хартија? Тенка е линијата меѓу редот и анархијата кога секој ја зема правдата во свои раце. Полициската  бруталност наспроти насилството врз полицијата. Политичка подобност или квалитет за влез во полициските редови. Каква полиција имаме таква е државата.

Во 24 анализа дебатираа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Елвис Шаќири од Ромалитико и претставник на Аваја, универзитетската професорка Мирјана Најчевска и претседателот на македонскиот полициски синдикат Маријан Кицев.