Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Кој влезе, а кој извиси на заменичкиот воз?


Апсурди на македонската корона криза. Се функционира, само училиштата останаа затворени. Кога и дали ќе почнат учениците да одат на училиште? И најважното, како ќе се одвива наставата. Подготвени ли се професорите за онлајн предавања? Што од тоа ќе добијат учениците? Дали најавениот комбиниран модел е однапред осуден на неуспех?

Во 24 Отворено, со Мила Царовска, министерка за образование, Јаким Неделков од СОНК, Леона Крстевска Симеонова од здружението на средношколци и Мирјана Јовановска Стојановска, психолог.


Во екот на најголемата закана на општеството, коронавирусот дебатираме со Владо Бучковски, Љубомир Фрчкоски и Алберт Муслиу за превентивата, мерките кои се преземаат и дали треба да се прогласи вонредна или кризна ситуација.


Децата, учениците, средношколците и студентите од утре нема да посетуваат настава. Прифатени се препораките на комисијата за заразни болести и сите градинки, училишта и факултети ќе бидат затворени 14 дена. За децата да бидат дома, платено отсуство и во државниот и во приватниот сектор ќе добие по еден родител на помали од десет години. Владата објави сет од вкупно 19 дополнителни мерки, се забрануваат сите јавни настани и собири со повеќе од илјада учесници, додека за помалите собири се предлага одложување. Спортските натпревари во следниот месец ќе се одржуваат без публика. Се забранува извоз на медицински средства и материјали, се препорачува мирување дома за постари и хронично болни граѓани и нивно избегнување на јавен транспорт. Забранети се сите автобуски и транспортни линии кон ризичните земји дефинирани од Светската здравствена организација.

На овие теми во 24 Отворено зборуваа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, др. Владимир Микиќ и Мицко Дудучки.


Дали партиите ќе понудат радикална промена на престојните предвремени парламентарни избори – колку и како ќе бидат застапени жените – идни пратенички? Има ли политиката страв од успешни жени? Дали министерките покажаа дека подобро делат правда, поквалитетно ги менаџираат јавните финансии, имаат стратегија во одбраната и поголем слух за социјалата? Дали освен пополнувањето „дупки“ во обврзувачката законска бројка, вистинската болка на македонското општество е што учеството на понежниот пол во политиката се гледа врз призмата на родова, етничка, партиска застапеност, а не по правилото - избор на професионалци. Зошто политичката кариера на жените речиси без исклучок е во сенката на партискиот лидер-маж.

Во 24 Отворено дебатираат: Санела Шкријељ, Лилјана Затуроска, Арта Биљали Зендели и Маја Морачанин.


Кога мечката игра во комшии, ќе влезе ли и во нашиот двор? Корона вирусот кој го исплаши светот се заканува на земјава и регионот. Во Хрватска регистриран првиот случај. Државата го подигна нивото на заштита и превенција. Здравствените власти смируваат – нема простор за паника. На штрек полицијата, армијата, центарот за управување со кризи. Како да се заштитиме од корона вирусот?

Во 24 Отворено дебатираат: Mинистерот за здравство Венко Филипче, лекари и претставници од Центарот за управување со кризи.


Власта маршира за правда, опозицијата во катарза на внатрешните поделби. Може ли во предвечерие на изборите - Заев да ги испорача ветувањата за правда? Mоже ли Мицкоски да прикаже поинаков пристап? Кој ќе ја добие битката за неопределените – тој ги добива изборите.

Во 24 Отворено со Драган Данев, ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Зекири, СДСМ, новинарите Сашо Ордановски и Предраг Димитровски.


Пратениците го играат последното танго во македонскиот парламент. Почна со големи надежи за воспоставување на правдата по 27 април, завршува во атмосфера на неказнивост и непринципиелни компромиси. Законот за јавно обвинителство – бомбите одат во историјата, а каде ќе одат криминалците? Има ли алтернатива за ликот на македонската правда?

Во 24 Oтворено со професорката и борец за правда, Мирјана Најчевска, екс-министерот, Михајло Маневски, адвокатката Сузана Јошевска и професорката Арта Биљали Зендели.


Избори или одложување? Законот за Јавно обвинителство во менгеме меѓу власта и опозицијата. Правдата никаде ја нема, кој ја бара, а која бега од неа. Се ризикува ли повторно евроатланската иднина на земјава?

Во 24 Отворено дебатираат членовите на работните групи на власта и опозицијата, Соња Мираковска од НСДП, Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, Нора Исмајлоска од Независната пратеничка група и Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл.


Јавна соба – слика и прилика на општество кое тоне во неморал. Малолетничка порнографија се шири на социјалните мрежи. Што ќе покаже истрагата на МВР и јавното обвинителство? Каде да се бара вината, пропуст во воспитувањето дома, во училиштата или институциите? како дозволивме улицата да ни ги земе децата?

Во 24 Отворено дебатираат: Драги Змијанац-Меѓеши, психологот Билјана Николовска, Калиа Димитрова од неформалната организација „Медуза“ и аналитичарот Љубомир Ѓурчевски.