Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Преку дијалог до унапредување на соработката меѓу Западен Балкан и ЕУ


Новиот петгодишен мандат за старо-новиот француски претседател Емануел Макрон ја смири Европа но дали ќе донесе и исчекор за Македонија во јуни? Додека паѓа довербата во ЕУ во регионот, дали ЕУ политичарите од декларативни изјави ќе преминат на конкретни чекори и дела? Ќе прифати ли Париз- Тирана сама да ги стартува преговорите и дали Елисејската Палата ќе испрати свои посредници во Софија и Скопје за решение на спорот.

Гостин во ЕВРОПАТ на ТВ 24 е францускиот амбасадор во Македонија - Сирил Бомгартнер.


Еден месец од почетокот на војната во Украина. Претседателот Зеленски повика на протести  ширум светот. Западните сојузници обединети во нов поход санкции кон Русија. На европско тло стапна американскиот претседател Бајден, во рок од 12 часа се одржаа самити на НАТО, Г7, и Самит на ЕУ - за итно решение. И додека Украина се бори - Полска брои бегалци.


Никогаш немало добра војна или лош мир. Мирот е доблест на цивилизацијата - војната на злосторството и ништо нема да стави крај на војната, доколку самите луѓе не одбијат да војуваат. Уметноста на војувањето е уметност на уништувањето на луѓето - големите умови носат големи пораки. Војната пак носи тага, загуба и бегалци. Луѓе кои ги напуштиле своите домови во потрага по живот. Ова издание на Европат го посветуваме токму на нив, на бегалците од војната во Украина.


Надвор од вообичаените балкански игри, погледот на светот сега е насочен кон Украина.

Во конфликтот меѓу Русија и Западот околу Украина, нема назнаки за намалување на тензиите. 

Се вклучи кризната дипломатија, но мисијата беше промашена.

Средбите Макрон - Путин, Шолц - Бајден завршија со неуспех. Се влучи и Пекинг, а Кина застана на страната на Русија против НАТО и ги поддржа руските барања за безбедносни граници.

Во светските шаховски игри под дипломатски превез, ќе има ли мирно решение за украинската криза?


На календарот на месец ноември, Македонија со црни букви го обележа 23ти - страотна сообраќајна несреќа на македонски автобус, кој се запали на автопат во Бугарија. 45те мртви, јагленосани тела на македонски граѓани, ги спуштија знамињата на половина копје и ја однесоа државата во жалост. Кој е виновен ? Пред одговорна задача се бугарските власти, кои со помош на македонските институции треба да спроведат истрага и вештачења за да се откријат причините за најтешката автобуска несреќа во Европа во последните 10 години. Скопје и Софија и покрај недоразбирањата на политички план, ги подадоа рацете за заеднички да дејствуваат во име на вистината.