Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Гостување на Крсте Блажески, ХОТАМ


По минатогодишното откажување на Евровизијата поради пандемијата и по огромните надежи кои беа положени во Васил Гарванлиев и песната „YOU“, годинава Македонија со истиот претставник ќе си ги одмерува силите во музиката, во услови кои за прв пат ќе бидат сериозен предизвик за одржувањето на најголемата музичка манифестација на европското тло. Што има во план Васил Гарванлиев за во Холандија? Разговараме токму со него.


Што ли крие археолошкиот локалитет Цареви Кули над Струмица? До какви сè сознанија дојдоа археолозите и дали ова место може да стане туристичка атракција? Сето ова го има во монографијата „Цареви Кули - Струмица (од праисторијата до Римското Царство) од археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, Зоран Рујак. Тој не само што открива детали за седум-милениумскиот живот на ова место туку посочува дека е потребна поголема грижа за археолошките локалитети во Југоистокот, како што се римските терми кај Банско, Исар Марвинци кај Валандово и Вардарски Рид кај Гевгелија. Разговорот со Зоран Рујак, археолог и автор на првата книга од монографијата за овој локалитет, го води колегата Ване Трајков.