Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии Емисии

Ударни вести

Мафијашите се во нашите редови - судиите се заштитени криминалци


Какави искуства и опасности крие фрнацуското вето и алтернативните решенија за Македонија. Трилинг со Дорис Пак, Стојан Андов, Мерсил Билали. Тв колумна на профосорот Кирил Барбареев од УГД - нашите деца европска генерација или изгубени во македонскиот систем.


Нема датум  РСМ без ЕУ. Какви се традицвионалните француски интереси во регионот? Дали е возможен нов балкански сојуз, како економска шенген заедница? Каков ќе биде одговорот на властите во Скопје? Интервју со претседателката Белградскиот фонд за политичка исклучивост Соња Лихт и универзитетскиот професор Лазар Лазарова I и Дејан Ѓоршовски од Холандскиот економски институт. ТВ колумна на писателот Дејан Крстевски.

Од овој викенд Трилинг со нив термин секоја недела во 19 часот.


Избори и криза, ЕУ - неправда и агонија. Македонија пред нов тест – ке успее ли да се совземе? ЕуУпред нови искушенија – како да го ервопеизира Балканот и кому да го остави? Амабасадори велат не очајувајте. Домашните рецензенти предупредуваат на апатија и апстиненција на следните кизбори. Репортерски запис – Битола конзулски град со три илјади пијана?


Макрон ја обновува идејата за стара и нова Европа. Франција ја тестира издржливоста на СРМ. Кога поголеми пензии и стабилен Фонд? Дигитален македонски речник како архива на знаењата.

Во Трилинг разговори со Блерим Река, Мила Царовска и Шенеси Деребеј.


Недела на неизвесности, исчекувања и прогнози. Холандија реши само Македонија, но не и Албанија. Како ќе реагира францускиот претседател Макрон? Пред одлуката на ЕУ Самитот во Брисел  - што не очекува? Ќе ја стивнеме ли еуфоричноста од датумот, не дај боже резигнација. Нашите партнери од ЕУ јасно ни ставаат до знаење дека датумот е само почеток на сериозни мачни и деликатни реформи. За очекувањата и за тоа земјата на што треба да се посвети во наредниот период, Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.

Северна Македонија веројатно ќе добие датум за преговори. Но во Унијата останува евроскепсата и желбата за проширување кон Западен Балкан. Во интервју за Трилинг - одговорите од Димитри Димитрос Пападимулис, потпретседател на Европскиот парламент.

Не е првпат во македонскиот плурализам адхог да се формираат нови партии, да се отцепуваат фракции, да се претопуваат кадри од десно кон лево и обратно. Самиот старт на промотивните каравани на Заев и Мицкоски како да навестуваат главно задржување на сопственото изборачко тело. Идејата на адвокатот Тортевски е преку модерните сајбер комуникации да се формира партијата под име твоја. Текот на животот е елипса. Патот кон сопствената катарза е цел еден живот. Оваа искрена исповед како да е творечки мотив за академскиот сликар Мирјана Крстева - Мазети.

Магистер по сликарство, со изложби во Њујорк, Париз, Истанбул, соседството. Живее и создава во Гевгелија. и оттаму тргнува на пат со своите масла. Нели е тоа нашата порта кон Европа. ТВ колумна во домот на Мирјана Крстева Масети.


Грчки погледи, македонски реакции. Мицотакис контра Ципрас и Заев. Зошто граѓаните ги зафати летаргија и апатија? Корупцијата ги зацврстува спрегите меѓу олигарсите и власта. Една изборна единица - идеја без реализација. Во неделната панорама на Трилинг разговори со Јоанис Армаколас од грчката тинк тенк организација Елијамеп, универзитетскиор професор Ило Трајковски. Во рубриката ТВ колумна осврта дава виолинистот и шеф на оркестарот Горан Муратовски.


Мицотаис - Заев, нови односи или стара политика? Зошто се надвисна апатија? Колку е до истрошеноста на политичките лидери? Тв колумна, писателска реч за културата на духот. Гости во Трилинг се поранешниот министер за надворени работи Денко малевски и Илина Мангова од Меѓународен републикански институт


Септември, наместо плодови, ново орање по браздите на правдата. Лигата на политичките и бизнис олигарси не дозволува битка пред судовите. Како ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, дали партијата остана приватна сопственост на Никола Груевски? Има надеж, модерно и функционално училиште за генерацијата на европска Македонија? Манаки - Битола, со светски имиња и со локални навики. ТВ колумна на актерот Рубенс Муратовски.